Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Искра Хаџи Василева официјално ја презеде функцијата шефица на ОЈО ГОКК, најави поодлучен прогон на организираниот криминал и корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Македонија
media-library2ath95c3dmr4cqln5ZV
Скопје1.мк

Искра Хаџи Василева официјално ја презеде функцијата раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, откако даде свечена изјава пред Советот на јавните обвинители.

— реклама —

Таа беше избрана на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче. За функцијата се кандидираа пет јавни обвинители, а изборот беше спроведен по истекот на мандатот на досегашниот шеф Ислам Абази, кој беше избран во октомври 2022 година.

— реклама —

Хаџи Василева најави поефикасен и поодлучен кривичен прогон, особено во предметите што го засегаат јавниот интерес и се од значење за граѓаните. Како главни приоритети ги посочи ефикасноста во работата, целисходното постапување и подоброто искористување на расположливите ресурси.

— реклама —

Таа нагласи дека обвинителството се соочува со ограничени капацитети, но ќе се залага за нивно зголемување.

— реклама —

Осврнувајќи се на извештајот на Европската комисија, во кој е констатиран недостиг од напредок во борбата против корупцијата, новата раководителка порача дека фокусот ќе биде ставен на поодлучно постапување против организираниот криминал и корупцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryru7bfmtb26jmf6902yH

Обвинителството е самостојно и одлучува врз основа на правото, фактите и доказите, нагласи Хаџи Василева

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања