Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Обвинителството е самостојно и одлучува врз основа на правото, фактите и доказите, нагласи Хаџи Василева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryru7bfmtb26jmf6902yH
Скопје1.мк

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, порача дека обвинителите мора да останат независни и отпорни на притисоци, а одлуките да ги носат исклучиво врз основа на закон, факти и докази.

— реклама —

По рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов, таа истакна дека притисоците се дел од обвинителската професија, но дека интегритетот е клучен за независното работење.

— реклама —

„Веројатно е природно обвинителската работа по својата суштина да трпи некакви притисоци. Наше е како обвинители да бидеме резистентни и да ставаме граница на овие притисоци. Не треба да се плашиме, притисоците се веројатно дел од човечката природа, како и интегритетот, кој сум убедена дека е дел од голем број обвинители“, истакна таа.

Одговарајќи на прашањето како би постапила доколку ѝ се јави носител на висока државна функција, вклучително и премиерот, Хаџи Василева рече дека институционалната соработка е нормална, но дека интервенциите во конкретни предмети се неприфатливи.

— реклама —

Таа нагласи дека обвинителството е самостојно и одлучува врз основа на правото, фактите и доказите.

— реклама —

Хаџи Василева формално ќе ја преземе функцијата по завршувањето на законските процедури, што се очекува во наредните две недели. Потоа, како што најави, ќе се посвети на организациските прашања и на зголемување на ефикасноста на кривичниот прогон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања