Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Исмаил: Министерството за демографија крена раце од родилките – за доцнењето на надоместоците одговора со „не сме надлежни“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, со објава на социјалните мрежи реагира дека Министерството за социјална политика, демографија и млади се оградува од проблемот со доцнењето на исплатите на надоместоците за породилно отсуство, откако на негово пратеничко прашање добил одговор дека институцијата „не е надлежна“.

Според Исмаил, во официјалниот допис од Министерството тој бил упатен прашањето да го достави до „надлежна институција“, што пратеникот го оцени како неприфатливо институционално префрлање на одговорноста.

— реклама —

„Каква е реакцијата на институцијата која во своето име ја носи ‘демографијата’ и чија основна задача е социјалната заштита? Класично бирократско префрлање на топката“, вели Исмаил.

Тој посочува дека Министерството за социјална политика има надлежности поврзани со социјалната политика, семејството и децата, односите меѓу родителите и децата, како и заштитата на децата и жените.

Исмаил признава дека финансиската реализација на надоместокот за породилно отсуство се врши преку Фондот за здравствено осигурување, но смета дека тоа не е причина Министерството целосно да се дистанцира од проблемот.

— реклама —

„Јас како пратеник немам деловничко право да поставувам пратенички прашања директно до ФЗОМ и УЈП, затоа се обраќам до вас, креаторите на политиките. Прашање за ова е упатено и до Министерството за здравство, но овој однос на Министерството за социјална политика е недозволив“, наведува тој.

Пратеникот дополнително реагира што Министерството во чиј назив стои и „демографија“ се прогласува за ненадлежно за прашање што директно ги засега мајките и семејствата.

— реклама —

„Изгледа дека за вас ‘демографија’ е само збор на таблата пред Министерството и пазарџиска категорија во изјавите на министерката за образование“, порача Исмаил.

Според него, наместо само да констатира дека не ја врши исплатата, Министерството треба да иницира координација со надлежните институции, да го отвори проблемот пред Владата и, доколку е потребно, да предложи системски и законски решенија.

„Мајките не смеат да бидат жртви на вашата некомпетентност, мрзеливост и институционална дискоординација. Потребно е системско решение, а не бирократски изговори“, порача пратеникот од Левица.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања