Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Исплатени над 151 милиони денари на сметките на лозарите, вели Бачовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
grapes1

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.041 лозари, исплати над 151 милиони денари . Станува збор за исплата на мерките 1.10 А и 1.10. Б, односно исплата на 2 денари за килограм предадено грозје во регистрирани капацитети за вино за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка.

Корисници на мерката 1.10 А се сите производители на грозје кои произвеле и предале грозје во капацитети од минатогодишната реколта и аплицирале за мерката „дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка“

— реклама —

Додека корисници на 1.10 Б се сите производители кои користат средства за 1.18 а аплициарале и по мерка дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за вино и тоа за сортите Смедеревка, Вранец,Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка, Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, вели дека земјоделците се партнери на Агенцијата, токму затоа средствата се исплаќаат во ек на берба.

— реклама —

„Сите кои правно – законски се стекнале со право на користење за финансиска поддршка, во еден ден, без селекција ги добиваат средствата. Праксата за неселективна исплата на земјоделските субвенции продолжува. Парите од финансиската поддршка се исплаќа во време кога овие производители имаат потреба од свеж капитал за прибирање на новата реколата, подготовка на насадите за следната сезона и употреба на сите агротехнички заштитни мерки за насадите. “- истакна Бачовски.

— реклама —

Наше е да обезбедиме поволни услови кои ќе помогнат за намалување на производните трошоци. На лозарите останува да дадат се од себе да го приберат овогодинешниот род и да ги подготват насадите за новата реколта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања