Промени тема
Контакт

Исплатени речиси 260 милиони денари за субвенции за повеќе мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
SMK_1741-1

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 9.191 субјект исплати речиси 260 милиони денари за повеќе мерки.

Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски, информира дека во еден ден биле исплатени повеќе мерки и за земјоделците и за сточарите.

— реклама —
— реклама —

„На сметките на 7.689 лица исплатени се 84,8 милиони денари за вршење земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности или попозната како ПОМ. 39,3 милиони денари, пак, се исплатени за сите што имаат аплицирано и исполнети услови за мерката 1.13 лозов калем и саден материјал, а 35,3 милиони денари се исплатени за сите што имаат поднесено и исполнето услови за добивање поддршка за користење домашен сертифициран семенски материјал. Исто така, во денешната исплата исплатени се речиси 27,2 милиони денари за амортизирани несилки од октомври 2019 до септември 2020 година. 63,6 милиони денари за заклани јагниња во периодот од јануари 2020 до септмври истата година. А на сметките на сите живинари што имаат заклани бројлери од мај 2019 до септември 2020 година исплатени им се 8,5 милиони денари“, информира Бачовски.

— реклама —

Агенцијата продолжува со контуинирана обработка и исплата на земјоделските субвенции. Средствата за субвенции се исплаќаат во еден ден и без селекција за сите што правно законски ги исполниле условите за добивање финансиска поддршка во земјоделството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања