Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Исполнети барањата на жителите во Бутел по вчерашните протести, преземени мерки за побезбедни улици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-libraryh0thsmclcvie3RVpkIF

По вчерашните протести и реакциите на граѓаните поради долгогодишниот проблем со небезбедниот сообраќај на улицата Бутелска, надлежните институции презедоа конкретни чекори за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

— реклама —

Како што информираат организаторите на протестите, поставени се успорувачи на сообраќајот („легнати полицајци“) и соодветна вертикална сообраќајна сигнализација со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и сите учесници во сообраќајот.

— реклама —

Од граѓанската иницијатива изразуваат задоволство што нивните барања биле слушнати и што институциите реагирале навремено. Тие очекуваат преземените мерки да придонесат за спречување на идни сообраќајни несреќи и за поголема безбедност во населеното место.

Сепак, додаваат дека и понатаму внимателно ќе ја следат состојбата на терен и ќе реагираат доколку повторно се појават проблеми што би можеле да ја загрозат безбедноста на граѓаните.

— реклама —

Според нив, безбедноста на жителите останува приоритет, а соработката меѓу граѓаните и институциите е клучна за навремено решавање на ваквите прашања.

— реклама —
media-libraryh0thsmclcvie3RVpkIF

(Видео) Прегазено дете ги изнесе жителите на протест: Бараат поголема безбедност во Бутел

Жителите на населбите Расадник и Радишани во Општина Бутел денеска излегоа на протест поради, како што велат, долгогодишниот проблем со небезбедниот сообраќај на улицата Бутелска, откако неодамна било прегазено дете.Граѓаните порачаа дека на оваа сообраќајница секојдневно се вози со голема брзина и без почитување на сообраќајните правила, со што сериозно се загрозува безбедноста на пешаците, особено на децата.Тие побараа од надлежните институции итно да преземат мерки за зголемување на безбеднос

Скопје | пред 3 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryac0v5icv2era1h85iUp

Транспарент „Скопје е со Албанија“ на протест во Скопје, Муамеди реагира: Македонците ќе даваат поддршка, но со знамиња на Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvh1ap308sd4cfR672Qy

(Видео) Протестот заврши, наместо пораките за правосудниот, впечаток оставија само знамињата и националистичките извици

Скопје | пред 1 месец

media-librarykg62qr0m9dtgf78yGrN

(Видео) Со „летање орли“, извици „УЧК“, без македонско знаме од каде се бараат права, а знамиња од САД – се бара правосуден на албански

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања