Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Судири на антивладин протест во Тирана: 35 повредени и десетмина приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 минути -

Балкан
media-libraryalc12jj7vqpn8He1Rgw

Најмалку 35 лица се повредени, а десетмина се приведени за време на антивладините протести во Тирана, Албанија, кои прераснаа во судири меѓу демонстрантите и полицијата.

— реклама —

Според албанското Министерство за здравство и социјална заштита, 30 лица побарале лекарска помош во Трауматолошката болница, меѓу кои девет полицајци, 12 демонстранти, шестмина претставници на медиумите и тројца минувачи. Уште пет лица биле згрижени во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Четворица од повредените во меѓувреме ги напуштиле болниците, додека останатите се во стабилна состојба.

— реклама —

Протестот започнал на плоштадот „Скендербег“, по што демонстрантите се упатиле кон седиштето на владата на премиерот Еди Рама. Тензиите ескалирале околу пладне, кога дел од учесниците фрлале камења, метални и дрвени предмети, петарди и молотови коктели кон полицијата и државните институции.

Бил пријавен и пожар на влезот во Министерството за земјоделство. Полицијата одговорила со солзавец, водени топови и, според албанските медиуми, гумени куршуми. Солзавец бил употребен и со помош на беспилотни летала, а полициските сили интервенирале на повеќе локации во центарот на престолнината.

— реклама —

Според полицијата, десет лица се приведени под сомнение за учество во вандализам и напади врз полициски службеници и државни институции.

— реклама —

Протестот се одржа на 114-годишнината од прогласувањето на независноста на Албанија, а беше организиран поради незадоволството од работата на владата на Еди Рама и барањата за негово заминување од власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library2dk16qfihkrj4Pl4KUC

„Доста беше од ветувања, молчење, молење и чекање. Бараме одговорност, бараме правда“: Најавени блокада и протест во Скопје против насилството врз жените

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryunl3b12jp8n2cQoBQoe

Денес во 14 часот протестен марш во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 2 месеци

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања