Протестен марш по повод првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг против поранешните водачи на УЧК ќе се одржи денеска во Скопје.
Маршот е најавен за 14 часот, со почеток од плоштадот „Скендербег“. Организацискиот совет упати повик до граѓаните и до албанските политички партии да се приклучат на протестот.
На маршот се очекува да присуствуваат и семејства на загинати, ветерани и воени инвалиди, поранешни затвореници и политички прогонувани лица, како и претставници на верскиот, академскиот и граѓанскиот сектор.
На 16 септември, Хашим Тачи и Јакуп Красниќи беа осудени на по 25 години затвор, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години затвор.
Судскиот совет ги прогласи за виновни за повеќе воени злосторства, додека за обвиненијата за злосторства против човештвото беа ослободени.
Пресудата е првостепена, што значи дека страните имаат право да поднесат жалба.