Промени тема
Контакт

Истиот Кичеец за кого зборувате е потврден слуга на Мицкоски, им велат од СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-kiceec-696x410

„ВМРО-ДПМНЕ партијата на браникот на криминалот, нема капацитет да сфати дека со реформите во правосудството, судството е ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор“, велат од СДСМ преку соопштение.

„Денес, правдата е достапна за секого, а пред законите сите се еднакви.

Тоа, меѓу другото, го потврдуваат Извештаите на Стејт департментот и Европската комисија, кои наведуваат дека по низа години заробена држава реформите во судството се видливи.

— реклама —

И додека половина партија им е по судови, а дел избега од државата ВМРО-ДПМНЕ без ни малку срам зборува за правда.

Тоа се истите луѓе што 11 години ја практикуваа правдата со уцени и закани, поставување судии од тефтерчето, нарачка на пресуди по телефон, измислени сведоци, го претворија МВР во подружница на Белиот дворец.

Истиот тој Кичеец за кого зборуваат е потврден соработник и слуга на Христијан Мицкоски, целата јавност имаше можност да чуе како Мицкоски договара соработка и бара услуги од него, сега тој е во затвор, додека за Бојан Јовановски беше донесена пресуда во брза и ефикасна судска постапка што е едноставно незамисливо за оние кои со години држеа судството целосно заробено.

— реклама —

Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за сите“, додаваат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања