Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Историски успех на GTA 6: Најголемо лансирање во 32-годишната историја на PlayStation

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 54 минути -

Магазин
media-library90m3qpbckquo5GJHWiX

Видеоиграта GTA VI забележа историски успех уште во првите денови од објавувањето, со заработка од неверојатни 3,79 милијарди долари само во првиот ден од продажбата. Со тоа, според објавените информации, стана најуспешното деби во историјата на забавната индустрија, без разлика на медиумот.

— реклама —

Големиот успех го потврди и компанијата Sony, која објави дека GTA VI го има најголемото лансирање во 32-годишната историја на PlayStation, период кој опфаќа пет генерации конзоли.

Според податоците објавени на официјалниот блог на PlayStation, играта на конзолата PS5 привлекла 39 милиони уникатни играчи.

— реклама —

GTA VI го собори и рекордот по бројот на истовремено активни играчи на PlayStation, надминувајќи ги сите досегашни наслови, вклучително и мултиплеер, бесплатните и игрите за еден играч.

— реклама —

Внимание привлекува и времето поминато во виртуелниот свет. Играчите на PS5 заедно поминале дури 683 милиони часа во играта, што во просек изнесува нешто повеќе од 17 часа по играч.

Дополнително, Sony проценува дека GTA VI била првата игра што ја стартувале дури 70 проценти од новите PS5 конзоли купени и поврзани на интернет за време на викендот кога играта беше објавена.

— реклама —

Останува да се види колкав ќе биде вкупниот број играчи и продажбата на Xbox платформата, што би можело дополнително да ги зголеми импресивните бројки на новиот наслов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar ја отвора продажбата на GTA 6 – еве кога ќе може да се нарача

Магазин | пред 5 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања