Најголемата контроверза во истрагата Двојник е што во еден докажан случај, во управните служби бил издаден пасош на маж иако податоците покажуваат дека зад тоа име стои жена од Албанија со македонско државјанство, објави " target="_blank" rel="noopener">Телма.
Во вадењето на пасошот се вклучени тројцата првообвинети кои веќе признаа вина. Жената се вика Ѓорѓие Коруни и најверојатно на криминалците од пасошко им личело дека станува збор за машки идентитет.
Поради тоа второобвинетиот Фарук Буќи без никаква пријава на 13-ти април 2018-та, сликал маж, својот клиент, контролорката Оливера Софрониевска го одобрила 4 дена подоцна, а машкиот пасош со женски идентитет го подигнал првообвинетиот Дениз Барути кој тогаш воопшто не бил на соодветното ртаботно место туку бил распореден како курир.