„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Истрага против четири лица, пренесувале дрога со чамец преку Охридско Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
marihuana

По спроведената истрага против четири лица, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против двајца македонски државјани за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

— реклама —

„За еден од осомничените, албански државјанин, обвинителството во соработка со надлежните институции од Република Албанија во текот на истрагата не пронајде докази што упатуваат дека го сторил кривичното дело и за него е издадена Наредба за запирање на истражна постапка, а за едно лице, исто така албански државјанин кој по стореното кривично дело е недостапен на органите на прогонот е издадена Наредба за прекинување на истражна постапка која ќе продолжи по неговото пронаоѓање.

Двајцата обвинети, со засега непознато лице и осомничениот кој е недостапен, во текот на месец февруари 2017 година договориле неовластено купување заради продажба на наркотична дрога – марихуана. Според договорот, дрогата требала да биде пренесена од Република Албанија до Република Македонија по водите на Охридското Езеро. Непознатото лице ја пренело дрогата сместена во пет вреќи, со моторен чамец до брегот во близина на струшкото село Калишта и ја предал на лице кое е веќе осудено за истиот настан. Осудениот потоа се договорил со обвинетите да им ја предаде дрогата, но не успеал. Во моментот кога се упатил кон договореното место бил запрен од страна на полициски службеници од СВР Охрид и по извршен претрес, на задното седиште во возилото со кое ја пренесувал дрогата биле пронајдени 14 пакувања наркотична дрога – марихуана со различна тежина, со вкупна нето маса од 38,955 килограми.“, велат од Основното јавно обвинителство.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања