Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Истрага против две лица за Трговија со дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

devojce

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Тетово. Лицата се сомничат дека сториле по едно кривично дело – Трговија со дете предвидено и казниво по чл.418-г став 1 од Кривичниот законик.

Имено, осомничената, искористувајќи ги сознанијата од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка е со починат татко и болна мајка и живее во тешки семејни и материјални услови, го земала девојчето во својот дом. Таа, од користољубие преку интернет комуникација договарала средби и сексуално го експлоатирала детето – жртва. Осомничената го терала девојчето лажно да се претставува како полнолетно и го испраќала или го носела со свое возило по хотели во Тетово, каде по претходен договор за одреден паричен надомест, им овозможила на други лица да користат сексуални услуги од детето.

— реклама —

Второосомничениот, како сосед на осомничената, иако знаел дека детето е малолетно и знаел за сексуалнатa злоупотреба, наместо да го пријави кривичното дело, истиот го искористил девојчето за остварување на парична заработка. Тој го однел детето во хотел во Тетово и од клиент наплатил за сексуалните услуги. Девојчето искористувајќи погоден момент и прилика ги пријавило осомничените.

— реклама —

Ценејќи дека се исполнети законските услови, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Ваквиот предлог Судот го прифати, па со решение на двајца осомничени им определи притвор во траење од 30 денa

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања