Промени тема
Контакт

Истрага за гостиварци, откако им е најдена марихуана при претрес на патарина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
235381562_845076196184590_1622472952402001944_n

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

— реклама —

Двајцата гостиварци на возраст од по 33 години на 31.12.2021 година, со автомобил се движеле на автопатот Тетово-Гостивар. На наплатната рампа, овластени полициски службеници го сопреле автомобилот и во него пронашле 22,94 грама марихуана, наменета за натамошна продажба. Дрогата ја одзеле, а лицата ги лишиле од слобода.

— реклама —
— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за еден од осомничените, бидејќи постои основ да се верува дека би можел да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото. Другиот осомничен се наоѓа на издржување затворска казна, а во моментот на сторување на делото бил на викенд отсуство.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања