Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Истрага за обид за силување во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
siluvanje

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен гостиварец за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 27 април осомничениот се обидел да изврши обљуба врз една жена, така што најпрвин влегол во нејзината куќа и побарал да му свари кафе. Откако го одбила, тој ја нападнал започнал да се соблекува и да ја допира. Во обид да ја совлада, ја удрил со тупаница по главата. Оштетената за цело време се спротивставувала и во еден момент успеала да се ослободи и да излезе во дворот. Таму наишол сведок, кој го спречил осомничениот во намерата.

— реклама —
— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања