Промени тема
Контакт

Истрага за пронајдена марихуана во Равен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
marihuana2

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен жител на селото Равен за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Во текот на јануари, осомничениот набавил одредено количество наркотична дрога – марихуана и ја препакувал во помали пакувања, со намера да ја препродаде на зависници. При претрес во неговиот дом, на 29 јануари, полициските сужбеници пронашле 58,74 грама марихуана, како и една дигитална вага со остатоци од дрога.

— реклама —
— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања