Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Истрага за разбојништво во бензинска пумпа во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_0085

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Двајцата соизвршители на возраст од 25 и 22 години, на 14 јануари во раните утрински часови, со автомобил паркирале во близина на бензинска пумпа на локалниот пат од село Ражаничино кон Катланово. Се маскирале со блузи кои ги прилагодиле како фантомки, со отвори за очите. Со ножеви во рацете им се заканиле на вработените, барајќи да им го дадат дневниот промет на пумпата. На тој начин тие одзеле 7.815 денари и со возилото се оддалечиле од местото во правец кон селото Бадар, каде сопреле со автомобилот, но набрзо биле откриени и фатени од полициски службеници.

— реклама —
— реклама —

Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат постапката со влијание врз сведоците/оштетените или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања