Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Истражување: Децата што растат со кучиња имаат посилен имунитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryv0f5k9eunluq0RIfGTS
unsplash

Децата што растат во домови со кучиња поретко се разболуваат, а ново истражување од Финска нуди можно научно објаснување за оваа поврзаност.

— реклама —

Според студијата, кучињата внесуваат специфични микроорганизми во домот, кои можат да придонесат за подобар развој на имунолошкиот систем кај бебињата и да го намалат ризикот од респираторни инфекции во текот на првата година од животот.

Истражувањето, спроведено од Финскиот институт за здравје, Универзитетската болница во Куопио и Универзитетот во Источна Финска, опфатило 368 деца. Следењето започнало уште за време на бременоста на нивните мајки и продолжило до првиот роденден на децата.

— реклама —

Научниците анализирале примероци од домашна прашина и ги споредувале со податоците за здравствената состојба на децата. Резултатите покажале дека осум групи микроорганизми поврзани со присуството на кучиња можат да објаснат дел од заштитниот ефект против респираторните инфекции.

— реклама —

Особено се издвојува бактеријата Pasteurella, која е поврзана со помал број денови со покачена телесна температура кај бебињата. Истовремено, неколку сродни бактериски групи се поврзани и со поретка употреба на антибиотици.

Истражувачите нагласуваат дека не е пресуден вкупниот број микроорганизми во домот, туку присуството на специфични бактерии и габи што ги внесуваат кучињата.

— реклама —

Сепак, тие предупредуваат дека ова веројатно не е единственото објаснување. Семејствата што чуваат кучиња често поминуваат повеќе време на отворено и имаат поинакви животни навики, што исто така може позитивно да влијае врз здравјето на децата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Две деца нападнати во училишен двор во Струга, поднесени кривични пријави

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr9skja2c193f7jTHJHt

Што навистина се крие зад „лошото“ однесување кај децата?

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryivuepsibk2ud85exLvM

(Видео) Познато во каква состојба е детето кое падна од жичарница на Јахорина

Свет | пред 5 месеци

media-libraryivuepsibk2ud85exLvM

(Видео) Драма на Јахорина: Дете падна од жичница

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања