Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Истражување: Китовите користат „звучен систем“ со структура слична на човечкиот говор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Медиасет
media-librarymcv3aka1ee1ncyCRd39
Photo by Gabriel Dizzi on Unsplash

Комуникацијата на китовите, морски цицачи кои еволутивно се одделиле од заедничкиот предок со луѓето пред повеќе од 90 милиони години, покажува изненадувачки сличности со човечкиот говор, вклучително и елементи налик на „азбука“ и формирање самогласки, покажува ново истражување објавено во списанието Proceedings B.

Според научниците, китовите комуницираат со серии кратки кликови, при што можат да разликуваат „самогласки“ преку пократки или подолги сигнали, како и преку растечки или опаѓачки тонови, слично на јазични системи како мандаринскиот, латинскиот и словенечкиот, пренесува Гардијан.

— реклама —

Истражувањето е дел од проектот Project CETI, кој ја проучува комуникацијата на китовите кај брегот на Доминика со цел подобро разбирање на нивниот „јазик“.

Научниците наведуваат дека современата технологија, вклучувајќи вештачка интелигенција, овозможува значително подлабока анализа на нивната комуникација, која долго време не била целосно разбрана.

— реклама —

Лингвистот Гашпер Бегуш истакнува дека сложеноста на комуникацијата кај китовите е поголема отколку кај многу други животни и дека постојат паралели со човечките социјални структури и однесување.

Истражувачите сметаат дека овие откритија би можеле да придонесат кон идно целосно разбирање, па дури и комуникација со китовите, а целта е во следните години да се дешифрираат најмалку 20 различни звучни обрасци поврзани со нивното однесување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kit

(ВИДЕО) Китови нападнаа јахта во Шпанија

Магазин | пред 3 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања