Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Италија ѝ изрече огромна казна на „Мета“ поради приватноста на корисниците на „Андроид“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 26 минути -

Свет
meta

Италијанската агенција за заштита на личните податоци ѝ изрече казна од 805 милиони евра на компанијата „Мета“ поради пристап до фотографиите и видеата на корисниците на „Андроид“ без нивна јасна согласност.

— реклама —

Според регулаторот, компанијата не ги информирала соодветно околу 20 милиони корисници дека „Фејсбук“ преку една од функциите во апликацијата има пристап до содржините зачувани во меморијата на нивните телефони.

— реклама —

Функцијата автоматски предлага фотографии и видеа од уредот за создавање нови објави. Агенцијата утврдила дека корисниците добивале само општо барање за пристап до меморијата, без јасно известување дека нивните фотографии и видеа ќе се користат и за предлагање содржини за објавување.

На „Мета“ ѝ било наложено во рок од 60 дена да ја исклучи оваа функција како стандардна поставка и да обезбеди посебна согласност од корисниците за нејзино користење.

— реклама —

Казната од 805 милиони евра е меѓу највисоките што италијанскиот регулатор досега ги изрекол на технолошка компанија.

— реклама —

„Мета“, која ги поседува и „Инстаграм“ и „Вацап“, минатиот месец беше казнета и во американската сојузна држава Ново Мексико со 25 милијарди долари, поради наводно доведување во заблуда на јавноста во врска со начинот на кој постапува со податоците на корисниците на „Фејсбук“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjqsa2fqs9qeq5KFL96Z

Италија ја казни Мета со 805 милиони евра поради пристап до фотографии на корисниците

Технологија | пред 11 час

— реклама —
Screenshot-2024-03-05-at-17.29.50

Рекордна казна за „Мета“: 25 милијарди долари поради доведување на корисниците во заблуда

Технологија | пред 3 седмици

media-library1etnej2j7ue94P4guyQ

Мета претстави паметни очила без камери, но звукот и понатаму се снима

Технологија | пред 1 месец

media-libraryhsprq05ossfa51wLW7l

(Видео) Новата ера на AI асистентите: Meta Muse може да праќа мејлови, да резервира патувања и да купува

Технологија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања