Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Италија распоредува противвоздушен систем во Турција како дел од планот на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW
Илустрација

Италија ќе распореди противвоздушен систем SAMP-T во централна Турција како дел од одбранбениот план на НАТО, соопшти турското Министерство за одбрана.

— реклама —

Според соопштението, системот ќе биде стациониран во Третата главна воздухопловна борбена команда во Коња, со цел дополнително да се зајакне воздушната одбрана на Алијансата.

— реклама —

SAMP-T е мобилен ракетен систем земја-воздух, развиен во француско-италијанско партнерство, наменет за пресретнување борбени авиони, беспилотни летала, крстосувачки ракети и одредени видови балистички ракети.

— реклама —

Од март наваму, силите на НАТО, меѓу кои и турските и италијанските, собориле четири балистички ракети, истрелани од Иран кон турска територија. Поради тоа, Алијансата дополнително распоредува и батерија од системот „Патриот“ во воздухопловната база Инџирлик во јужна Турција.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Анкара во април, порача дека Алијансата ќе направи „сè што е потребно за одбраната“ на своите членки. Турција ќе биде домаќин на самитот на НАТО на 7 и 8 јули.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот

Свет | пред 2 дена

— реклама —
dzordza-meloni

Сајбернапад врз италијанскиот парламент, на мета и е-поштата на Мелони

Свет | пред 5 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Мелони испраќа дополнителни 500 војници во Милано по грабежите и судирите

Свет | пред 1 седмица

media-library5feal5v46boaeSimegn

Американка загина пред своето семејство на одмор во Италија, паднала од височина од 300 метри

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања