🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Итна седница на Советот за безбедност на ОН по израелските напади на Бејрут: Регион на работ на катастрофа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
izrael

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБНС) одржа итна седница по израелските воздушни напади врз Бејрут и јужен Либан, а портпаролот на ОН Стефан Дијарик предупреди дека регионот сега е „на работ на катастрофа“.

— реклама —

Состанокот дојде откако се интензивираа прекуграничните престрелки меѓу либанската група Хезболах и израелските сили, а два дена по смртоносните експлозии на безжични уреди на Хезболах загинаа 37 луѓе.

Континуираното насилство меѓу Израел, од една страна, Хезболах и Хамас, од друга страна, може да предизвика разурнувачки регионален конфликт, предупредија Обединетите нации, откако вчера во израелски напад врз Бејрут загинаа најмалку 14 лица, вклучително и високи команданти на Хезболах, и ранети 66.

— реклама —

Заменичката генерален секретар на ОН за политички прашања, Розмари Ди Карло, на седницата на Советот за безбедност на ОН изјавила дека постои „опасност од ескалација на ситуацијата до уште поголеми размери“, пишува Гардијан.

„Не е доцна да се избегне таква глупост. Сè уште има простор за дипломатија. Силно ги повикувам земјите-членки кои имаат влијание врз конфликтните страни да го искористат тоа влијание“, рече Ди Карло.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања