Промени тема
Контакт

Итна средба на безбедносните служби поради можен атентат врз полскиот премиер Доналд Туск

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
donald-tusk

Претставници на повеќе безбедносни служби се состануваат во Варшава по добиени информации за можен атентат врз полскиот премиер Доналд Туск и вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш.

— реклама —

Портпаролката на полското Министерство за внатрешни работи, Каролина Галецка, изјави дека состанокот ќе се одржи во 11 часот во Центарот за антитерористичка анализа при Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), пренесува полскиот портал RMF24.

— реклама —

На состанокот ќе учествуваат претставници на Службата за државна заштита и припадници на Агенцијата за внатрешна безбедност.

— реклама —

Како што наведе Галецка во објава на социјалната мрежа Икс, преземањето активности по информацијата што ја добила полицијата го наложиле министерот за внатрешни работи Марчин Кјервински и министерот-координатор за специјални служби, Томаш Семоњак.

Засега не се соопштени дополнителни детали за природата на заканата, ниту за околностите поради кои е активирана безбедносната процедура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library53eflh1375o2b9CigKz

15-годишник со остар предмет нападна тројца вработени во училиште во Полска, едно лице почина

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryoatpbidk8ula5U72ytr

(Вознемирувачко видео) Автомобил удри девојче за време на директен пренос во Полска

Свет | пред 1 седмица

media-libraryh0j7lq01b4sfchf0xsO

42 секунди во полскиот воздушен простор: руски хеликоптер Ми-8 накратко ја преминал границата

Свет | пред 2 седмици

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Узбуна во Полска: Воената авијација ставена во состојба на готовност

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања