Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

„Итно затворање на зоолошките градини во Македонија“, бара Зелен хуман град по серијата инциденти во ЗОО Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Скопје
zoo

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град остро реагира по серијата инциденти на насилство врз животни во скопската зоолошка градина, во кои, според нив, учествувале малолетници. Од здружението алармираат за сериозноста на ваквите појави и повикуваат на системски решенија.

„Деновиве македонската јавност е сведок на повеќе немили настани на насилство кон невини заробени животни, кое се случи во скопската зоолошка градина а најзагрижувачки од се е тоа што главни инстигатори на ова насилство се малолетници, односно деца.

Имено, станува збор за два посебни инцидента во кои деца - ученици од основно училиште со камења ги гаѓале заробените слонови и заробениот нилски коњ како и инцидент во кој млада девојка качена до кафезот ги вознемирувала заробените мајмуни.

Сето ова претставува типичен пример првенствено за инхерентното насилство кое е вградено, наградувано и пожелно во капитализмот како економски и општествен систем до тој степен до кој не го ни забележуваме (за што доказ е и самото постоење на зоолошка градина како профитабилна форма на забава во која страдаат невини животни во ропство).

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД се залага за итно затворање зоолошките градини во Македонија како места на тортура кон животните и нивна трансформација во центри за конзервација и рехабилитација, со цел суровоста на кафезите и третирањето на животните како предмети за забава да биде заменета со грижа за повредените и напуштените автохтони животни на територијата на Македонија, а граѓаните и најмладите да се поврзат со животни на кои Македонија им е природна животна средина.

Да се потсетиме, првиот знак за психопатија е токму насилство врз животни, и затоа е нужно рано детектирање од страна на стручни кадри и меѓуинституционална соработка со цел укажување на адекватна помош на ученикот и превенирање на, во најлоша варијанта, инциденти со живото-загрозувачки последици во иднина“, велат од Зелен хуман град.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2h8fgugt49558u3rwXI

(Видео) Нов инцидент во ЗОО Скопје: Девојка се качи на оградата кај мајмуните, вработена интервенираше

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-librarysg14ft93kh8ma0Caetl

(Фото) Близначиња лемури родени во Скопје ЗОО – нова радост за посетителите

Скопје | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-4680PM

Анима Мунди: Судот денес ќе покаже дали ќе има казна за убиството на коњите во ЗОО Скопје

Скопје | пред 4 месеци

media-librarym8vfukbt0br163EBES8

„Да го вратите Ѓорѓи Галетановски за директор на ЗОО Скопје“, му порача зоонегувателот Војо Иванов на скопскиот градоначалник

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања