На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа млада девојка качена на заштитната ограда кај делот со мајмуните во Скопската зоолошка градина.
На видеото може да се забележи како една од вработените во зоолошката градина ја фаќа девојката за раката во обид да ја симне од ѕидчето на кое е качена, со цел да се избегне потенцијално опасна ситуација и вознемирување на животните.
Во објавата на социјалните мрежи, авторот Стефан Кирков реагира на, како што наведува, честото непочитување на правилата од страна на посетителите.
„И покрај сите препораки, табли со натписи за тоа да не се хранат и вознемируваат животните, во Скопје ЗОО постојано сме сведоци на непочитување на протоколите од страна на посетителите!
Недостасува култура, едукација, недостасуваат редари и видеонадзор, како и санкционирање на сите кои не го почитуваат протоколот!
Родители, наставници, учители, професори и медиуми за јавно информирање... ЕДУКАЦИЈА“, стои во објавата на Стефан Кирков.
Само пред една недела, зоонегователот Виктор сподели непријатно искуство, тврдејќи дека ученици од средното училиште „Лазар Танев“ фрлале камења кон слоница, додека нивните професори седеле во кафе-објект. Во објавата тој наведе дека ваквото однесување претставува сериозен проблем и покажува недоволна грижа и почит кон животните, кои се под заштита и грижа на зоолошката градина.
Зоонеговател од скопската Зоолошка алармира: Ученици фрлале камења кон слоница, професорите седеле на кафе
Зоонегователот Виктор, кој работи во скопската Зоолошка градина, сподели непријатно искуство што, како што вели, го посведочил денеска, при што ученици од средното училиште „Лазар Танев“ фрлале камења кон слоницата, додека нивните професори седеле во кафе-објект.Во својата објава на социјалните мрежи, тој наведува дека ваквото однесување го разочарало и претставува сериозен проблем за односот кон животните кои се под грижа на Зоолошката градина.„Група ученици од средното угостителско ‘Лазар Тане
Скопје | пред 2 месеци