Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зоонеговател од скопската Зоолошка алармира: Ученици фрлале камења кон слоница, професорите седеле на кафе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-libraryleq0se1e6j02d6vRrfI
screenshot youtube

Зоонегователот Виктор, кој работи во скопската Зоолошка градина, сподели непријатно искуство што, како што вели, го посведочил денеска, при што ученици од средното училиште „Лазар Танев“ фрлале камења кон слоницата, додека нивните професори седеле во кафе-објект.

Во својата објава на социјалните мрежи, тој наведува дека ваквото однесување го разочарало и претставува сериозен проблем за односот кон животните кои се под грижа на Зоолошката градина.

— реклама —

„Група ученици од средното угостителско ‘Лазар Танев’ фрлаа камења кон слоницата, додека нивните професори седеа на кафе во кафич. Не сакам да генерализирам — не се сите деца исти, ниту сите професори се неодговорни. Но, вакви поединци оставаат лоша слика и, уште полошо, нанесуваат стрес и штета на животни кои се под наша грижа“, напиша тој, додавајќи дека животните се чувствителни и интелигентни суштества.

Тој направи и споредба со порано време, наведувајќи дека пред 25 до 30 години ваквото однесување би имало сериозни последици и од дома и од училиштето, бидејќи постоеле, како што вели, поголем ред, почит и одговорност.

— реклама —

„Научете ги децата дека животните не се мета за забава, туку живи суштества што заслужуваат почит“, порача тој, додавајќи дека бил информиран оти директорот реагирал на настанот и изрази надеж дека ќе следуваат соодветни мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryec06qmi5ulc96CM8Ih1

Ѓорѓиевски: Започнуваме со одбележувањето на еден век Зоолошка градина Скопје

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
57B15D7B-C699-4722-81D5-A3A2DD3815A0_1_105_c

Зоолошка градина во Скопје се отвора повторно од сабота

Скопје | пред 1 година

279926186_914749323258426_3886672421067424782_n

Тина од ЗОО Скопје: Жирафите обожаваат да јадат кромид и лук, ама здивот секогаш им мириса на ментол

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања