Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Скопската Зоолошка градина се модернизира со реконструкција на постојните и изградба на нови живеалишта, поставување нови огради и уредување на просторот за посетителите. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека целта е ЗОО Скопје да стане современ центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните.

— реклама —

Во изминатиот период се заменети крововите, поставени се нови огради кај лавовите и дополнителни заштитни огради, а изграден е и моторички парк за најмладите. Во тек е обновата на платото пред Зоолошката градина, а планирано е и збогатување на животинскиот свет со нови видови, со живеалишта приспособени на нивните потреби.

— реклама —
— реклама —

Ѓорѓиевски изрази благодарност до вработените и раководството на Зоолошката градина за нивниот труд, посветеност и грижа за животните. Тој нагласи дека обновата ќе продолжи и дека целта е ЗОО Скопје да стане една од најдобрите зоолошки градини во регионот.

Овој месец Зоолошката градина во Скопје одбележува 100 години постоење, а јубилејот, според градоначалникот, се дочекува со конкретни активности и решителност за натамошно унапредување на условите за животните, посетителите и вработените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryleq0se1e6j02d6vRrfI

Зоонеговател од скопската Зоолошка алармира: Ученици фрлале камења кон слоница, професорите седеле на кафе

Скопје | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryec06qmi5ulc96CM8Ih1

Ѓорѓиевски: Започнуваме со одбележувањето на еден век Зоолошка градина Скопје

Скопје | пред 6 месеци

57B15D7B-C699-4722-81D5-A3A2DD3815A0_1_105_c

Зоолошка градина во Скопје се отвора повторно од сабота

Скопје | пред 1 година

279926186_914749323258426_3886672421067424782_n

Тина од ЗОО Скопје: Жирафите обожаваат да јадат кромид и лук, ама здивот секогаш им мириса на ментол

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања