Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски: Започнуваме со одбележувањето на еден век Зоолошка градина Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-libraryec06qmi5ulc96CM8Ih1

Во Скопје започна одбележувањето на еден век постоење на Зоолошка градина Скопје, при што градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави низа активности, инвестиции и модернизација со цел унапредување на условите за животните и подигнување на образовната и едукативната улога на институцијата.

media-libraryuhp18ffiv80g4qxY7bR

Од градот истакнуваат дека оваа година има посебно значење бидејќи се одбележуваат 100 години од постоењето на Зоолошката градина, период кој е опишан како исполнет со спомени, детска радост и вредности што траат. Според најавите, јубилејот истовремено претставува и обврска за создавање подобри услови и посигурна иднина за објектот.

— реклама —
media-libraryvjjabief68i9bDIGjFd

Во рамки на најавените активности, се планира соработка со стручни експерти и воведување нова организациска и развојна динамика, со цел враќање на Зоолошката градина во Европска асоцијација на зоолошки градини и аквариуми и подигнување на европските стандарди за грижа за животните, едукација и доверба кај посетителите.

— реклама —

Покрај инвестиции и модернизација, најавени се и нови содржини, со кои Зоолошката градина треба да прерасне во простор за учење, доживување и градење еколошка свест. Дел од иницијативите опфаќаат и кампањи за поддршка и грижа за животните, во кои граѓаните ќе можат директно да учествуваат.

— реклама —
media-librarysrqtv4iv00bi17BEuhk

Од градските власти порачуваат дека со овие активности се отвора нова фаза во развојот на Зоолошката градина, со визија таа да се модернизира и да го зацврсти своето значење како една од клучните јавни институции во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryleq0se1e6j02d6vRrfI

Зоонеговател од скопската Зоолошка алармира: Ученици фрлале камења кон слоница, професорите седеле на кафе

Скопје | пред 4 месеци

— реклама —
57B15D7B-C699-4722-81D5-A3A2DD3815A0_1_105_c

Зоолошка градина во Скопје се отвора повторно од сабота

Скопје | пред 1 година

279926186_914749323258426_3886672421067424782_n

Тина од ЗОО Скопје: Жирафите обожаваат да јадат кромид и лук, ама здивот секогаш им мириса на ментол

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања