„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Иванов ги отфрли како небулозни тврдењата дека вечерта на 27 април наводно подготвувал прогласување воена состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
gjorge-ivanov-1

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги отфрли како небулозни тврдењата дека вечерта на 27 април наводно подготвувал прогласување воена состојба.

— реклама —

Тоа се, како што изјави, очаен обид да се сврти целото внимание од главните креатори на настанот кон шефот на државата и неговиот кабинет.

Одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на признанијата „Македонски квалитет", Иванов истакна дека во него се вперува прстот, но кога судот ќе ја донесе одлуката ќе се знае кои се главните актери, кој стои зад 27 април, кој го испланирал и изрежирал, но ќе се знае, подвлече претседателот, и мотивот.

— реклама —

-Јавноста верува на обвинет, а не на официјалните институции. Имаше изјава и обвинителката, имаше соопштение и од Армијата и од кабинетот. Веројатно нашите изјави се многу поиздржани од изјава на обвинет кој прави се да го одбегне тоа што му следува. Прашајте кај биле генералите тој ден, кај бил началникот на Генералштабот, каде бил мојот аѓутант, Армијата. Веќе имаме и нова власт и нова министерка за одбрана која сите овие месеци можела да види што има во МО за тој ден зашто се` се евидентира. Армијата не е невладина организација, туку хиерархиски поставена институција која води евиденција за секој ден, за секој час, за секој војник и офицер, истакна Иванов.

Од кабинетот на претседателот  соопштуваат дека Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов,ќе се обрати до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија денеска во 17:00 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања