Претседателот во заминување, Ѓорѓе Иванов има низа од привилегии во наредните години.
Претседателот на Република Македонија по престанување на функцијата има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на
Република Македонија.
Претседателот на Република Македонија на кого му престанала функцијата има право на канцелариски простор и најмногу до три стручни лица. Стручните лица правата од работниот однос ги остваруваат во кабинетот на претседателот на Република Македонија, а се именуваат на предлог на претседателот на кого му престанала функцијата.
Претседателот на Република Македонија на кого му престанала функцијата има право на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач согласно со прописите што ги донесува министерот за внатрешни работи.
Претседателот на Република Македонија на кого му престанала функцијата има право на материјални трошоци за потребите при остварувањето на неговите активности. Средствата се обезбедуваат во Буџетот на Република Македонија во висина до 8% од средствата утврдени во Буџетот за претседателот на Република Македонија.
На претседателот на Република Македонија на кого му престанала функцијата може по негово барање да му мируваат правата кои му следуваат.
На последниот работен ден како претседател на државата, пред да му истече мандатот во недела, Ѓорге Иванов денеска го искористил законското право и доставил барање до владината Служба за општи и заеднички работи за изнајмување на кабинет.
Според официјални информации, СОЗР одговорила позитивно на барањето, бидејќи буџетот за канцеларијата изнесува 8 проценти од годешниот буџет на претседателскиот кабинет, што е во согласнот со постоечкиот Закон за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата.
Со тоа, Иванов дефинитивно нема да се врати на старото работно место како професор на скопскиот правен факултет, туку до крајот на животот ќе користи месечна пензија од околу 100.000 денари, личен возач и лично обезбедување.