„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Иванов си зема стан на државна сметка кај кумашинот: Чиј е станот, дали Ѓорѓе го издава сам на себе?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ivanov-veligden-1

Државата ќе му плаќа канцеларии на претседателот во заминување, Ѓорѓе Иванов во кулите „Џеваир“, чиј сопственик е неговиот кумашин, Ибрахим Џеваир. Во 2012 година, Иванов и неговата сопруга беа кумови на синот на познатиот турски бизнисмен кој изгради облакодери во Аеродром.

— реклама —

Од тогаш, во јавноста се појавија различни информации, а една од нив е, дали Иванов има негови станови во комплексот? Откако се објави дека Иванов сака државата да му плаќа канцеларии на 28 кат во оваа зграда, се отвора прашањето, дали е можно претседателот во заминување сам на себе да си ги изнајмува канцелариите?

Ова прашање може да го одговори само Антикорупциската комисија, која може да покрене постапка по допрен глас.

— реклама —

Буџетот на идната Канцеларија на Иванов, според Законот, е во висина од 8% од буџетот на претседателот на државата, кој за 2019 година изнесува 81 милион денари. Тоа значи дека Канцеларијата на Иванов би добила на располагање околу 105.000 евра годишно. Државата ги покрива и материјални трошоци за потребите при остварувањето на активностите на поранешниот претседател.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања