ИВЗ е категорична, компромис нема - градежните работи на џамијата во Охрид нема да престанат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dzamija-najnova

ИВЗ е категорична, градежните работи за реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата минаре  се во тек и нема да престанат.  Тие додаваат дека по однос на ова прашање нема компромис. Изградбата нема да се стопира.

— реклама —

Од Верската заедница велат дека реагирале до Владата со писмо, затоа што според нив чашата се прелеала во моментот кога реставрацијата на Алипашината џамија и изградбата на минарето биле оспорени од здружението „Совест“.

На 20 март се оствари средба меѓу претставниците на здружението Совест, в.д градоначалникот Константин Георгиески, помошник раководителот на секторот за урбанизам во општина Охрид Бранко Арнаудов, директорката на завод и музеј, Елеонора Новаковска и претсставниците од здружението „Совест“, Михаил Трендафилов, Михаил Арнаудов и Томе Џамтовски.

— реклама —

По средбата беше кажано дека премиерот Заев им ветил дека ќе биде поставена жолта лента за забранет пристап до џамијата во Охрид, но такво нешто и по шест дена сеуште нема.

Два дена по ова, од ИВЗ се обратија до Владата со писмо во која ја обвинуваат дека не е добро да поддржува оспорување на чувствата на еден народ.

Од ИВЗ во писмото тврдеа дека за реконструкцијата  Али Пашината џамија во Охрид, имаат соодветна важечка градежна документација, со средства обезбедени од странска донација, која отежнато се користи поради како што велат бироктарскиот однос на надлежните државни институции. Наспроти тоа МПЦ , како што велат не дека ги има овие проблеми туку напротив е фаворизирана и привилигерина во секој поглед.

Инаку Основото јавно обвинителство отвори предмет за градежните работи на џамијата, а обвинителот констатирал дека правното лице опфатено во истрагата нема правосилно одобрение од Министерството за транспорт и врски. Судот по барање на Обвинителството донел решение за забрана за преземање и изведување градежни работи на објектот. Но, решението не се почитува.

Во предметот на Обвинителството опфатени се 8 лица, некои се физички, а други правни субјекти. Меѓу нив се нарачателите и изведувачите на градбата.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања