Се уште актуелниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи, на пресс конференција вечерва истакна дека тој и Заедницата ќе се вклучат во анти-пропаганда на овие избори. Претходно Реџепи рече дека соработката е нула и дека не се повеќе на иста страна со оваа Влада.
„Од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада. Зошто Владата, државата и нејзините институции се насочени против ИВЗ, а не ја следат работата и на другите верски заедници“, изјави поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.
Додека се одржуваше состанокот на ИВЗ по повод случувањата во ИВЗ, упаднала финансиска полиција која го проверувала работењето на исламската верска заедница.
„Ова лошо нема никогаш да им го заборавиме“, истакна Реџепи.
-Нема да не злоупотребат. Бев замолен монструмот да го тргнеме. Сега кој е монструмот? Сите добронамерни нека го кренат гласот, изјави тој.
-Нема да бидам послушен. Али пашина џамија, никој да не чепка таму. Ќе се прелие чашата. Политиката сади мразење меѓу верските заедници. Го замолија и дедо Стефан да ми напише писмо. Бузаку е отпадник, дури и од Исламската вера. Судот се впушти во невидена авантура. ИВЗ нема да постои кога тој би бил реис, порача Реџепи.
Вечерва ријасетот на седницата на факултетот за исламски науки во Кондово расправаше за разрешување и именување на претставници во заедницата.
Инаку , Основниот суд Скопје 2 го прифати барањето на новата исламска верска заедница да биде Скендер Бузаку, наместо Сулејман Реџепи. По приемот на решението имало присуство на зголемени полициски сили и не е познато дали во објектот ескалирала опсадата. Во одлуката што ја доставиле до весникот Лајм се наведува дека е прифатено Бузаку да е назначен за нов претседател на Исламската верска заедница.
И претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле неуспешно.
Реџепи, исто така, беше цел на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.