Младиот Мартин Сипковски кому му експлодирал експлозив и според српските медиуми загинал во Белград, има дебело досие на само 21 година, во Македонија. Во него се вбројуваат кривични дела како насилство, разбојништво, предизвикување општа опасност. Во јавноста речиси и да нема детали за негово криминално портфолио, се додека српските медиуми не излегоа со информацијата дека загинал откако несоодветно ракувал со експлозивот, наводно наменет, за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал. Од Обвинителството за „Скопје1“ посочуваат дека Сипковски е веќе осуден на 7 години и 6 месеци затвор, пресуда која не е правосилно за обид за убиство.
„Основното јавно обвинителство Скопје против осомничениот поведе истрага за кривично дело - Убиство (во обид) извршено на 15.09.2024 година во зграда на булевар "Јане Сандански", при извршен напад со нож на едно лице, а надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје веднаш по лишување на осомничениот на 29.09.2024 година поднесе предлог за определување мерка притвор. Прифаќајќи дел од аргументите на одбраната, пред се во поглед на личноста на обвинетиот, судијата на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството и определи мерка куќен притвор и привремено одземање на патната исправа. Надлежниот јавен обвинител го обжали ваквото решение, но жалбата беше одбиена. На 26.12.2024 година, по спроведена истрага, ОЈО Скопје поднесе обвинение за кривично дело - Убиство (во обид), а по спроведена судска постапка, на 03.06.2025 година обвинетиот е огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 7 години и 6 месеци, при што со одлука на Судот мерката куќен притвор е продолжена до правосилност на пресудата“, велат од Обвинителството.
Обвинителот за „Скопје1“ посочува дека на 25 септември биле првпат известени дека Сипковски не е пронајден во неговиот дом. Ова е една недела пред да се случи трагедијата во Белград. Ова би значело дека тој успеал и нелегално да премине граница.
„Согласно тоа Јавното обвинителство во ниту еден момент не е известено за недостапност на обвинетиот, додека на 25.09.2025 година СВР Скопје-БЈБ доставило известување до Судот дека лицето не е пронајдено во неговиот дом, по што Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да ја укине мерката куќен притвор и да определи ефективен притвор за обвинетиот“, велат од Обвинителството.
Детали за Сипковски сподели и неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ:
(Видео) Од куќен притвор во Македонија до експлозија во Белград – нови детали за патот на Мартин Сипковски
Мартин Сипковски, момчето за кое српските медиуми јавија дека загинало во Белград, откако според првичните информации, по грешка активирал експлозив, избегал додека бил во куќен притвор, дознава „Скопје1“ од свои извори во скопското Обвинителство. На нему му се суди за обид за убиство, предмет кој го застапува обвинителот Александар Марковски, а бранител му е Владимир Туфегџиќ. „Скопје1“ контактираше со адвокатот, кој потврди дека му е застапник, но тој се уште нема никаква потврда дека Сипковск
Македонија | пред 8 месеци
Од ракометар до модел: животот и мистеријата околу Македонецот Мартин Сипковски, кој загина во експлозија која сам ја предизвика
На 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград избувна експлозија во која животот го загуби државјанин на Македонија, Мартин Сипковски (21), пишува српски „Телеграф“. Неговата идентификација била потврдена по обдукцијата и размена на ДНК податоци меѓу српската и македонската полиција, пренесуваат белградските медиуми.Според првичните сознанија, Сипковски настрадал при нестручно ракување со експлозивна материја — пентрит (PETN), моќен детонабилен состав кој, како што се наве
Македонија | пред 8 месеци