Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Избирачите му свртеа грб на Трамп, демократите слават голема победа на изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 34 минути -

Свет
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Незадоволството од политиките на американскиот претседател Доналд Трамп предизвика значително прелевање на поддршката кон Демократската партија, која, според анализата на „Политико“, освоила мнозинство во двата дома на Конгресот, додека републиканците изгубиле позиции и во некои од своите традиционални упоришта.

Поддршката за демократите се зголемила за 15 процентни поени во споредба со изборите во 2024 година, а кај гласачите со латиноамериканско потекло порастот достигнал 28 процентни поени.

— реклама —

Анализата покажува дека широката група гласачи што му помогна на Трамп да го освои вториот претседателски мандат сега се обединила во спротивставувањето на неговата политика. Особено влијание имало незадоволството од мерките за депортација, кое придонело за поголема поддршка на демократите меѓу латиноамериканските гласачи во Тексас. Таму демократската кандидатка Џина Хинохоса го победила републиканецот Грег Абот во трката за гувернер.

Во Јужна Каролина и во неизвесната изборна трка во Мисисипи, значајна улога имала излезноста на афроамериканските гласачи. Дел од нив биле незадоволни од обидите на Трамп за прекројување на изборните единици и одлуките на Врховниот суд со кои биле ослабени мерките за заштита на избирачкото право.

— реклама —

Според авторите на анализата, Трамп директно придонел и за поразите на републиканците во две трки за Сенатот, поддржувајќи ги кандидатурите на Кен Пакстон во Тексас и Дарлин Греам во Јужна Каролина. И двајцата ги загубиле изборите.

— реклама —

За разлика од неговите претходници Бил Клинтон, Барак Обама и Џорџ Буш, кои по слични изборни порази се обиделе да го променат политичкиот курс и кадровските решенија, Трамп засега не покажал подготвеност за таков пресврт.

Во интервју за „Волстрит џурнал“, тој го пофалил министерот за одбрана Пит Хегсет, за кого во двете партии се смета дека би можел да ја напушти функцијата. Во разговор за „Политико“, Трамп изјавил дека ќе соработува со демократите кога тоа ќе биде можно, а во спротивно ќе го користи правото на вето.

— реклама —

Изборните резултати претставуваат сериозен удар за Трамп, кој се обидувал да влијае врз нивниот исход преку прекројување на изборните единици и вложување стотици милиони долари од средствата под контрола на неговото политичко движење.

Тој за „Волстрит џурнал“ изјавил дека резултатот би бил поинаков доколку и неговото име било на гласачкото ливче, додавајќи: „Понекогаш топката едноставно отскокнува така“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryteu6j0ffbemj5i0APju

Трамп ја обвини „Фокс њуз“ за изборниот пораз на републиканците

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Европските дипломати предупредуваат: Победа на демократите може дополнително да ги влоши односите со Трамп

Свет | пред 2 дена

media-libraryp8433rjj897ocPapdMc

Анкетите најавуваат тежок пораз за Трамп, но колку се точни прогнозите?

Свет | пред 2 дена

media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Трамп најави помилувања за своите соработници, подготвен да го заштити и Илон Маск

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања