Промени тема
Контакт

Изборите ќе бидат редовни и ќе се случат 2024 година, тврди Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Соочени со фактот дека нивните градоначалници се големо разочарување и дека ништо не прават за интересите на граѓаните постојано сме сведоци на едни исти предлози коишто доаѓаат од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нашиот став е јасен, концизен и точен. Нашиот став е дека за сите овие прашања треба да има дебата и врз призма на сериозен консензус од сите политички партии да ја донесеме одлуката за сите овие прашања и сите овие прашања треба да се решат во периодот што следи, но за сето тоа имаме две и пол години, две и пол години до одржувањето на парламентарните редовни избори со којшто сите овие прашања треба сериозно да се аргументираат и врз база на сето тоа да се донесе еден заклучок и општ консензус и да се решат работите, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

— реклама —

„Во делот на изборите ние како политичка партија имаме јасен став околу сето тоа, изборите ќе бидат редовни и ќе се случат 2024 година, тие ќе бидат редовни парламентарни избори, а сега како одговорна политичка партија којашто работи за интересите на граѓаните силно сме фокусирани за решавање и намалување на последиците којшто доаѓаат и од енергетската криза и од здравствената криза и сето тоа е важно и граѓаните да го знаат дека сме силно насочени кон решавањето и помагањето од последиците коишто доаѓаат од овие кризи.

— реклама —
— реклама —

Граѓаните да бидат спокојни, знаат дека имаат партнер, политичка партија која што е дел од власта, која што ја предводи власта, која што силно ги решава и се грижи за проблемите на граѓаните“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања