Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Избран понудувач за 150 електрични автобуси – Унгарски „Икарус“ и австриска ЕВН со најниска цена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во однос на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење на електрични автобуси, Ве информираме дека Комисијата составена од стручни лица, по направената евалуација утврди дека од вкупно четири понуди, три економски оператори не ги исполнуваат условите од јавниот повик и врз основа на поднесените понуди направи прелиминарен избор и поднесе предлог за избор за најповолен понудувач, велат од Министерство за транспорт.

„Според направената евалуација за најповолен понудувач, избрана е заедничката понуда унгарската компанија "Електробус- Икарус" и на австриска "ЕВН" кои ги исполнија условите од јавниот повик.

— реклама —

Унгарската компанијa производител на автобуси "Електробус - Икарус" и австриската компанија "ЕВН" , ги исполнија сите услови предвидени во јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење и воедно понудија најниска цена од 19 милиони 350 илјади денари или околу 314 илјади евра по автобус што е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси.

Согласно Одлуката, компанијата "Икарус" треба да ги достави електричните автобуси, а компанија "ЕВН" станиците за полнење.

— реклама —

Според техничките каректеристики, меѓу другото, електричните автобуси треба да бидат со најмалку максимална моќност од 300 kW, со капацитет од најмалку 66 патници, автоматски регулиран клима уред за ладење/греење. Избраниот економскиот оператор има обврска да врши тековно одржување и поправката на сите настанати технички неисправности и да обезбеди резервни делови во следните 10 години од денот на стапување на возилата во употреба. Автобусите треба да бидат одобрени согласно Европската директива 2018/858

По склучување на Договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:

-30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот

- 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот

-60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот

По донесување на Одлука за избор, утврден е рок за жалба од десет дена“, информираат од Министерство за транспорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7o8copoi1fvu0lanwZp

Скопје добива градски воз и нови автобуси од септември

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

Објавен повик за набавка на 150 електрични автобуси - министерството за транспорт ги објави деталите

Македонија | пред 2 месеци

avtobus-jsp-2

ЈСП има 341 автобус, а исправни се 185: катастрофална е состојбата, има и драматичен пад на патници

Скопје | пред 2 месеци

0382090A-0539-4F2A-BBB6-9641D92671DA_1_105_c

Приватните автобуси „фатени“ на црвено поради должината и метежот, превозниците бараат да бидат „посебна категорија“

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања