„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Објавен повик за набавка на 150 електрични автобуси - министерството за транспорт ги објави деталите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

Министерството за транспорт објави јавен повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полнилници. Планирани се 100 автобуси за Град Скопје и 50 за другите општини. Испораката треба да биде: 30 автобуси за 6 месеци, 60 за 12 и 60 за 18 месеци. Рокот за документација е до 30 март 2026, а повикот е објавен на e-nabavki.gov.mk. Набавката се наведува како мерка за заштита на животната средина, поефикасен јавен превоз, долгорочна економска исплатливост и борба против аерозагадувањето.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за останатите општини низ земјава.

— реклама —

Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови:

30 автобуси во рок од 6 месеци

60 автобуси во рок од 12 месеци

60 автобуси во рок од 18 месеци

Јавниот повик е објавен денеска на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и истиот може да се погледне на следниов линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1

Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.

Набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и останите општини - се наведува во објавата на Министерството.

Од таму додаваат дека покрај еколошките придобивки, набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија.

Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа.

Со оваа инвестиција  испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз, како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги - се посочува на крајот од соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

avtobus-jsp-2

ЈСП има 341 автобус, а исправни се 185: катастрофална е состојбата, има и драматичен пад на патници

Скопје | пред 1 седмица

0382090A-0539-4F2A-BBB6-9641D92671DA_1_105_c

Приватните автобуси „фатени“ на црвено поради должината и метежот, превозниците бараат да бидат „посебна категорија“

Скопје | пред 2 седмици

media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

Почната е постапка за обезбедување на 150 електрични автобуси, вели Мицкоски

Скопје | пред 4 седмици

avtobus-jsp-2

Во Македонија возат точно 3.690 автобуси, но само 15 се „зелени“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања