Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Издадена наредба за присилно приведување на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
naum-3

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на Фејсбук објави дека е издадена наредба за негово присилно приведување.

-Хунтата издала наредба за мое ПРИСИЛНО ПРИВЕДУВАЊЕ! Чист притисок и обид за заплашување, еј на гласноговорник на опозиција! Внимавајте, БЕЗ НАРЕДБА ЗА ПРЕТРЕС да влезат во домот, но и во други простории ЗА ПРИСИЛНО ДА МЕ ПРИВЕДАТ! „Огласот“ за нова Кацарска е отворен, па удри колку можеш! На нозе утрово беше дигнат цел полициски вод! Дома, на работа, низ Скопје!

Како да сум УБИЕЦОТ ОД СМИЛКОВСКО! Како да сум УБИЕЦОТ НА МАРТИН НЕШКОВСКИ!

Како да сум оштетил буџет, земал местени тендери и пари од фондови, сум дал лиценци на брат на 30 години, како да перам пари од Панама, дрпам од набавка за систем Леонардо, или тендераш ми гради куќи на Водно, или сум снимен директор како ставам снопче пари во чанта, делам фабрики за марихуана …!?

— реклама —

Или пак кај мене завршија парите од Рекет, па трошам без покритие, за вили во Грција или скапи станови и мотори? Да сме на чисто, ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ МЕНЕ НЕМА! УРЕДНО ПРИМЕНА ПОКАНА, КАКО ПРЕТСТАВНИК НА ПРАВНО ЛИЦЕ. ОВА Е ЧИСТО ИЗЖИВУВАЊЕ! ПОРАКА “ЕВЕ ШТО МОЖЕМЕ”!

ОВА Е ОБИД ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ НАСОЧЕН КОН МЕНЕ, МОЕТО СЕМЕЈСТВО, ДЕЦА!НО!

— реклама —

Но нема да ме замолчите! И да, вечерва ќе ја споделам колумната за Вилма и Добрила, за идолите и основоположниците на оваа Инквизиција!

*До исполнувачите:

— реклама —

Ќе ве потсетам дека и по Катица вака трчавте! **До полицајците; Ве разбирам момци, нека не ви е непријатно, како хунтата губи тло под нозе, се почесто вакви наредби ќе добивате, објави Стоилковски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања