Изгаснат пожарот во Потпелистерието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
2-2-1

Пожарот кој вчера во попладневните часови го зафати атарот на потпелистерското село Ротино е целосно изгаснат. До доцна во вечерните часови екипите на терен пожртвувано се справуваа со огнената стихија, која, на моменти, поради силниот ветар, се закануваше да ја зафати и моликовата шума на Националниот парк „Пелистер“.

— реклама —

Утринава, во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, дел од кризниот штаб информораше за превземените чекори во акцијата за гаснењето на пожарот. Командирот на ТППЕ Битола Костадин Поповски истакна дека во текот на вчерашниот ден, на територијата на Општина Битола биле пријавени осум пожари, случај кој не е евидентиран ниту во најжешките месеци од годината. Според него, само два се евидентирани како пожари предизвикани од запалени стрништа, додека останатите се претпоставува дека се намерно предизвикани. Општина Битола писмено ќе се обрати до СВР Битола, со цел да се превземат соодветни чекори за поголема контрола на терен, согласно законските прописи.

— реклама —

Пожари имало во селата Жабени и Св. Тодори, во околината на селата Драгожани, Беранци, Цапари и Ротино, месноста Дебел рид и во градот кај Хотел Битола. На терен, покрај 20-те пожарникари со 5 противпожарни возила, учествуваше и едно противпожарно возило од РЕК Битола, од Општина Ресен, возила на јавните претпријатија со нивни вработени лица, како и вработените во НП „Пелистер“, кои на терен одиграле важна улога во спречувањето пожарот да се прошири кон Националниот парк. Во пожарот нема изгорени индивидуални објекти, а гореше папрат и смрека.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања