Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Изгласани измените на Законот за прекршоците, „Безбеден град“ стартува од 1 февруари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryj2ih1vl1tdin1Tnum3r

Со 81 глас „за“, 19 гласа „против“ беа донесени измените на Законот за прекршоците. Станува збор за последниот закон потребен за од 1 февруари да профункционира системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“. За овој закон не гласаа пратениците на СДСМ и ДУИ.

— реклама —

Со предложените законски измени се очекува зајакнување на безбедноста во сообраќајот преку воведување посебна постапка за прекршоци утврдени со технички средства и уреди за снимање преку системот „Безбеден град“. Целта е брзо и ефикасно санкционирање на прекршителите и зголемување на генералната превенција.

— реклама —
— реклама —

Во првата фаза, системот ќе регистрира брзо возење, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање, додека во следната фаза е предвидено проширување на листата на прекршоци.

— реклама —

Откако системот целосно ќе биде пуштен во употреба, сопствениците на возилата кај кои е утврден прекршок ќе добиваат СМС-порака и е-пошта со линк за преземање на записник со платен налог. Плаќањето ќе може да се врши електронски, а при навремена уплата нема да се наплатуваат дополнителни трошоци. За прекршоци за кои е предвидена и мерка забрана за управување со возило, МВР ќе поднесува барање за поведување постапка до надлежен суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Законот за јавни набавки денеска повторно пред пратениците по ветото на Силјановска-Давкова

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
Sobranie-zgrada

Собранието денеска расправа за нов член на Регулаторната комисија и измени на законот за земјоделство

Македонија | пред 5 дена

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пензиските реформи, семејната политика и медиумите во фокусот на денешните собраниски расправи

Македонија | пред 6 дена

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања