Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Изгоре куќа - на 8-члено семејство остана под отворено небо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
kuka-izgore

Мајка со шест деца остана под отворено небо. До пред неколку дена тие живееја во трособна куќа. Меѓутоа, в саботата вечер, во нивниот дом ненадејно избувна пожар, кој со себе ја однесе целата куќа и сите спомени на семејството Хамидовиќ од Средно Коњари. Остана само пепел од изгорениот мебел. Таткото на децата пред еден месец заминал во Хрватска на работа, а во моментот на несреќата во куќата биле три деца со својот дедо. За среќа, дедото успеал навреме да ги изнесе децата надвор. Мајката Наида е благодарна што децата ѝ се живи и здрави, но бара помош, за како што вели, да може да ја надмине оваа голема несреќа што ги снајде, објави tv21.tv.

„Иако куќата беше стара, навистина ме боли. Фала му на Бога што ми ги спаси децата. Му благодарам и на свекорот. Во моментов имам потреба децата да имаат дом, макар куќа да имаме. Да имаме покрив над глава, ништо повеќе не сакам. Се разбира, децата бараат. Таа ноќ син ми велеше: ми отиде чантата и книгите. Му реков: нека, сѐ ќе биде во ред. Најважно децата се спасија. Оние кои се во можност да ни помогнат, им благодарам“  рече Наида Хамидовиќ.

— реклама —

Текстот во целост на tv21.tv

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања