Промени тема
Контакт

Изложба „Пикасо можеби јас“ и „Недела на шпански филм“ во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Screenshot-2022-12-15-085734

Како резултат на културната соработка помеѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, во Охрид ќе се одржи изложба и проекција на циклус шпански филмови.

Изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски ќе биде отворена на 20.12.2022 (вторник) со почеток во 18:00 часот во изложбениот салон на центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата се организира по повод 140 годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо.

— реклама —

Истата вечер со почеток во 19:00 часот во големата сала на центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне „Недела на шпански филм“ која ќе трае до 22.12.2022 година. Планирано е да бидат прикажани три филмови од шпанска продукција. Филмовите ќе се прикажуваат по следниот редослед:

— реклама —

-20.12.2022 (вторник) ќе биде прикажан филмот „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер.

-21.12.2022 (среда) ќе биде прикажан филмот „Тајната во нивните очи“ од режисерот Хуан Хозе Кампанела.

— реклама —

-22.12.2022 (четврток) ќе биде прикажан филмот „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба.

— реклама —

Проекциите ќе започуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

/screenshot-2022-12-15-091654" rel="attachment wp-att-207130">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања