Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Измамена старица: „За 8.000 евра можам да ја спасам ќерќа ти од затвор која прегази дете на пешачки“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Во Струга е расчистен сериозен случај на измама во кој цел била 77-годишна жена од струшко село. Полицијата уапси 40-годишен маж од охридското село Горно Лакочереј – Н.С., осомничен дека преку телефонско лажно претставување и заплашување дошол до 8.000 евра.

— реклама —

Акцијата за приведување била спроведена вчера (17.12.2025) во 11:40 часот од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, во координација со криминалистичката полиција – Сектор за општ и насилен криминал.

— реклама —

Според пријавата, измамата се случила на 11 декември, кога осомничениот ја повикал повозрасната жена и ѝ соопштил лажна, драматична вест: дека нејзината ќерка наводно прегазила дете на пешачки премин. Притоа тврдел дека може да ја „спаси“ од затвор, но само ако веднаш му предаде пари.

— реклама —

Жената, преплашена и убедена дека ќерка ѝ навистина се соочува со кривична постапка, се согласила да се сретне со измамникот и му ги дала 8.000 евра. Осомничениот потоа заминал.

По целосно документирање на случајот, против Н.С. е поднесена кривична пријава за кривично дело „измама“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0kph0cu3sjnn6QzNaar

(Фото) „Градот не е депонија, ова не е некултура, туку недостаток на основна почит“, реагира струшки комуналец

Македонија | пред 4 дена

media-library36s7viunm7s2cCasCny

Струга инвестира 90 милиони денари во модерен водоводен систем

Македонија | пред 2 седмици

struga

Мојсоска: МВР и ОЈО Струга да се разбуди од зимски сон и да не чека уште еден екоцид за да открие кој незаконски и без концесии работи во Струга

Коментари | пред 3 седмици

media-librarytn8dqmtstehhaUyiQyx

Стружани да го исчистат просторот околу своите имоти, во спротивно Комунално ќе фактурира трошоци

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања