Промени тема
Контакт

Изменет режим на сообраќај за товарни возила на патните правци Гостивар-Кичево и Дебар-Маврови Анови-Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kamioni

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, сопственици и возачи на товарни возила дека од 01.07. до 01.09.2021 во сила се измените на режимот кој се однесува на сите видови товарни возила. Според овие измени, на магистралниот пат Гостивар-Кичево забрането е движење на товарни возила во петоците од 15.00 до 22.00 часот, во саботите од 07.00 до 12.00 и од 18.00 до 24.00 часот и во неделите од 07.00 до 22.00 часот.

Ова се однесува и на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови-Гостивар. На овие патишта веќе е поставена соодветна вертикална сигнализација која го регулира изменетиот режим и со која се ограничува движењето на овој вид возила.

— реклама —

Изменениот режим не ги опфаќа товарните возила кои превезуваат нафта и нафтени деривати, житни култури, лесно расипливи производи, жив добиток и хортикултурни производи.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи апелира до возачите да се придржуваат на изменетиот режим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања