Промени тема
Контакт

Измени во протоколот за влез во Грција за македонските државјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
evzoni

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, дека согласно известувањето од грчките гранични служби од Граничниот премин „Евзони“, има измени во протоколот за влез во Грција и од денеска (19.06.2021 година), од 06.00 часот на ГП Евзони, освен со ПЦР тест не постар од 72 часа, Сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) и доказ за прележан Ковид-19 (од 2 до 9 месеци), влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за Ковид-19 не постар од 48 часа.

— реклама —

Деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а  постари од 12 години треба да поседуваат брз или PCR тест. Електронската најава  на сајтот www.travel.gov.gr за прибавување на ПЛФ документ е задолжителна.

— реклама —

Како и досега, на ГП Евзони Грција нема да се дозволува влез од 22.00 часот до 06.00 часот по македонско време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања