„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Измени во Законот за основно образование, следната учебна година нема да заврши на 10 ти јуни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
skolo-4

Нов Нацрт закон за основно образование кој до крајот на летово треба да помине во собраниската процедура. Од Министерството за образование децидни – сите пропуштени наставни денови немало да се одработуваат во сабота затоа што според нив ова, се покажало како непродуктивно. Од септември неработните денови ќе се одработат на крајот од учебната година.

— реклама —

Министерот за образование Арбер Адеми на прес конференција, информираше за новините во Законот за основно образование, чија примена ќе започне од претстојниот септември.

Минестерот кажа дека часови во сабота нема да има, Со закон да се регулираат неработните денови за време на зимскиот распуст на учениците, при што најмалку половина од траењето на зимскиот распуст на учениците се платени неработни денови за наставниците, Овие денови не се дел од годишниот одмор на наставникот и не се засметуваат во неговото траење. Се воведува нова надлежност на наставничкиот совет да дава мислење за распределба на часовите меѓу наставниците. Наместо досегашниот минимален број од 24 ученици, како минимален праг се утврдуваат 20 ученици. Бројот на ученици во паралелката може да се движи во распон од 20 до 30 ученици. Комбинирана паралелка може да има најмногу до 10 ученици. По исклучок, паралелка може да се формира и со најмалку 15 ученици, само за наставата по изборните предмети

— реклама —

Новото законско решение не предвидува намалување на бројот на наставни денови. Сегашната состојба покажува дека нашите ученици до 14-годишна возраст добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во земјите членки на ОЕЦД, односно една и пол година образование помалку, истакна Адеми. Ова го истакна.

Инаку, надлежните се уште немаат информации колку деца ќе останат дома поради забраната во училиште да се запишат оние кои не ја примиле МРП вакцината. Минатиот месец, во екот на уписите во основно училиште, надлежните дозволија училиштата да примаат пријави и на невакцинирани деца, но со обврска тие да се вакцинираат пред стартот на учебната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања