Измешани броеви: Грешка на гласачките ливчиња го стопираше гласањето на болните во Ново Село

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
izbori-glasanje-11-92584

Гласањето на болните и изнемоштените лица во Општина Ново Село утринава беше привремено прекинато поради техничка грешка во редните броеви на носителите на советничките листи на гласачките ливчиња.

— реклама —

Според информациите, на овие локални избори во општината се пријавени околу 400 лица кои доставиле медицинска документација со која потврдиле дека не можат да излезат на избирачките места утре, па своето избирачко право требаше да го остварат денеска.

— реклама —

Меѓутоа, избирачките одбори утрово не заминале на терен, откако било утврдено дека на гласачките ливчиња постои несогласување во редните броеви кај двајца носители на советнички листи.

— реклама —

За инцидентот веднаш била информирана Државната изборна комисија (ДИК), од каде потврдија дека гласачкиот материјал е повлечен и се печати нов, за да може процесот да продолжи без дополнителни проблеми.

„Избирачкиот материјал од Општина Ново Село е повлечен. Таму денеска ниту едно пријавено болно или изнемоштено лице нема гласано. Станува збор за гласачки материјал за советнички листи. Се дистрибуира нов и сите болни и изнемоштени лица ќе гласаат,“ соопштија од ДИК.

Во струмичкиот регион вкупно се пријавени 1.308 болни и изнемоштени лица. Освен во Ново Село, денеска гласањето се одвива и во Струмица (514 лица), Босилово (232 лица) и Василево (162 лица), каде што, според информациите, гласачкиот процес се одвива без забележани проблеми.

Според ДИК, гласањето на овие категории граѓани ќе биде спроведено во текот на денот, откако новиот исправен материјал ќе биде доставен до избирачките одбори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library417vtphriakgdyOpmJV

ДИК–ИФЕС: Фокусирана соработка за клучните стратешки приоритети на Комисијата

Македонија | пред 5 дена

mirjana-najcevska

„Се исплашив дека ќе стават човек со интегритет“ – Најчевска за изборот на Маричиќ во ДИК

Коментари | пред 2 седмици

maricic

Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК со двотретинско мнозинство

Македонија | пред 2 седмици

dik

Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари - ДИК и општините молчат, реагира Левица

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања