Промени тема
Контакт

Изминатата недела починаа над 180 лица од ковид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
korona-2

Неспособноста на власта да се справува со пандемијата вчера одзеде уште 24 животи и скоро 2.000 нови позитивни случаи од КОВИД-19, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Изминатата недела во Македонија починаа над 180 наши сограѓани заради неодговорноста на оваа неспособна власт.

Уште од самиот почеток на пандемијата сите мерки кои беа донесени од страна на власта беа задоцнети и не дадоа никаков резултат во превенирање на ширењето на заразата, а со тоа се покажа дека здравствените власти немаат никаква стратегија ниту капацитет да ги заштитат граѓаните од корона вирусот.

— реклама —

Во моментот во државата има скоро 20 илјади активни случаи на корона вирус или колку еден поголем град во Македонија и над 8.300 починати како последица на КОВИД- 19.

— реклама —

Уште еднаш ги повикуваме министерот Беким Сали и оваа неодговорна влада предводена од пиунот Ковачевски да ја преиспитаат одлуката за започнување на второто полугодие за учениците во услови кога сојот омикрон коси во државата.

Затоа предлагаме наставата од второто полугодие за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство, но секојдневно да се следи епидемиолошката состојба во училиштата низ Македонија.

— реклама —

Потребни се итни мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19 во државата. Додека секојдневно ни умираат по десетици наши граѓани Комисијата за заразни болести молчи, а неодговорните власти не нудат никакви мерки за справување со кризата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања