Промени тема
Контакт

Изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bebe

Изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината, информира Министерството за здравство.

Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во ОБ Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.

— реклама —

Во мометов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само само две бебиња, поради возраста, а дваесеттина деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.

ОБ Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспецифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи.

— реклама —

Од Министерството велат дека по завршувањето на анализите јавноста ќе биде информирана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања